Регион

„Бамби“ донираше околу 255.000 евра од почетокот на пандемијата

16 Jul 2020

Повеќе од 30 милиони динари (околу 255.000 евра) донираше компанијата „Бамби“ во Србија, за над 30 установи, организации и градови кои се најтешко погодени од коронавирусот, соопштија од компанијата. 

Од почетокот на кризата, „Бамби“ настојуваше да им даде поддршка на здравствените центри кои беа на првата борбена линија. Само во тек на јули, со значајни донации во неопходна медицинска опрема ги помогна Инфективната клиника во Белград, Геронтолошкиот центар „Бежанијска коса“, Клиничкиот центар во Крагуевац, Општа болница во Ужице и уште неколку други. За време на вонредната состојба, „Бамби“ донираше свои производи на здравствените работници во сите поголеми здравствени центри. 

Нашите потрошувачи со години се со „Бамби“ и особено со нашиот бренд Plazma, за кој речиси сите сме сентиментално врзани и кој одамна стана омилен производ и надвор од границите на Србија. Затоа и ние, како дел од заедницата, имавме голема желба и потреба првенствено да им помогнеме на сите храбри здравствени работници во оваа тешка борба против пандемијата. Во првата фаза го покренавме проектот „Големите дела настануваат дома“ и дониравме производи, зашитна опрема и заштитни средства за нашите здравствени работници и за бројни институции ширум Србија. Бидејќи ситуацијата во земјата и натаму е многу сериозна, одлучивме да помогнеме и со донација на медицинска опрема во установи во неколку градови, изјави Драган Стајковиќ, регионален директор на „Бамби“. 

Компанијата им подели и над 12.000 пакети на вработените во продавниците, „тивки херои на оваа битка“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...