Како што пренесуваат локалните медиуми, „Лидл“ планира да отвори три супермаркети во Куманово.
Компанијата побарала изработка на нов детален урбанистички план и поднела нацрт плански проекти за три супермаркети, пренесува „Куманово њуз“. Еден од супермаркетите ќе се наоѓа во близина на новата автобуската станица во Куманово.
Во јануари годинадинава „Лидл“ започна со изградба на логистички центар во вредност од 80 милиони евра во близина на Куманово. Центарот ќе се протега на површина од 63.000 квадратни метри и ќе таму ќе се создадат над 150 нови работни места.
Извор: SeeNews
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.