Регион

„Делез“ продолжи со ширење на продажната мрежа низ Србија

03 Dec 2024

Со отворање на седум нови „Макси“ супермаркети низ Србија, како и реновирање на две продавници во Белград и Ниш, малопродажниот синџир „Делез“ – Србија во текот на ноември  продолжи да ја шири и подобрува својата малопродажна мрежа.

 Отворени се нови супермаркети во Сјеница (Кулина Бана 27), Петроварадин (Предовиќева 124-128), Кикинда (Михајло Пупин  18), Суботица (Сегедински пут 88Ј), Врњачка Бања (Војвоѓанска 2Ј), Обреновац (Цар Лазар 12) и Нови Сад (Долна шума).

Продавниците на потрошувачите им нудат широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, кои вклучуваат свеж леб и печива од „Макси“ пекарата, како и свежо месо, сувомеснати млечни производи и свежо овошје и зеленчук.

 Покрај стандардните, во новите продавници се поставени и каси за самопослужување кои го прават купувањето побрзо и поефикасно.

Во рамки на континуираниот процес на подобрување на малопродажната мрежа, модернизирани се и „Макси“ продавницата на улица Зорана Ѓинѓиќ, 11 во Ниш, како и „Макси“ супермаркетот во Белград, на Чика Љубина, 8.

 Континуираната работа на проширување и модернизација на малопродажната мрежа е показател за стратешката определба на трговскиот синџир „Делез“ - Србија да им понуди на што повеќе купувачи можност да купат најквалитетна храна, да заштедат во домашниот буџет и да поминат пријатно  време во купување во најблиската населба, соопштуваат од компанијата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...