„ДТЛ Персу“ свечено ги отвори вратите на еден од своите шест маркети во Жабаљ на новата адреса Стеван Сремац 24, нудејќи им на верните потрошувачи во Жабаљ можност да пазаруваат на поголема површина и со поразновиден асортиман.
Новиот маркет со продажна површина од 160 метри квадратни, на потрошувачите им нуди повеќе од 3.500 производи, локални и светски, како и поголем избор на артикли по секогаш „СуПЕР“ цени.
Како што соопштуваат од „ДТЛ Персу“, и овој пат свеченото отворање било проследено со бројни изненадувања, но и со посебни акции и поволности.
Се потрудивме на нашите купувачо во Жабаљ да им понудиме многу поголема палета на производи со модерен дизајн и опрема, како и повеќе од 600 производи под ознаката „Секогаш супер цена“, што претставува пониски редовни цени на одредени артикли, објави компанијата. .
На свеченото отворање на шестиот по ред „ДТЛ Персу“ маркет во Жабље, купувачите имаа можност да купат одредени производи на специјална акција, како пилешко или банани, но и да добијат -50% попуст на касата за сите сметки над 800 динари. Покрај производите со попуст, купувачите имаа можност да добијат и еден од повеќе од 500 пакети со подароци или кеси за подароци, како и да ги пробаат домашни производи Belkino и Delikato.
Извор: InStore.rs
Фото: „ДТЛ Персу“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.