Регион

Србија ја замрзна цената на зејтинот, литар не смее да чини повеќе од 115 денари

25 окт 2022

Владата на Србија одлучи максималната малопродажна цена на сончогледовото масло за јадење во пакување од еден литар да се ограничи на 219,99 динари (115,5 денари).

Ова се наведува во измените на Правилникот за ограничување на цената на основните прехранбени производи, кои Владата на Србија ги донесе на 20 октомври, а кои ден подоцна беа објавени во Службениот весник.

Во основниот текст на Уредбата од 28 јули годинава беше утврдено дека цените на сончогледовото масло за јадење во литарско пакување не смеат да бидат повисоки од цените кои важеа на 15 ноември минатата година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...