Регион

Србија ја зголеми минималната плата

14 Sep 2022

Минималната цена на работен час во Србија од 1 јануари 2023 година ќе биде 230 динари (1,96 евра), а минималната плата 40.020 динари (341 евро), изјави министерот за финансии Синиша Мали по седницата на Социјално-економскиот совет (СЕС).

Со ова платата се зголемува за околу 14 проценти. Минималната цена на работен час досега беше 201 динари, а минималната плата околу 35 илјади динари, односно околу 300 евра.

Мали рече дека зголемувањето на минималната плата ќе доведе до годишно зголемување на деловните трошоци за 350 милиони евра, но оти државата ќе покрие дел од трошокот за да нема отпуштања.

Синдикатите бараа минималната плата да се зголеми на 366 евра, затоа што инфлацијата веќе го „изела“ покачувањето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...