Регион

Србија донесе нов Правилник за означување на кафето

23 May 2022

На последниот ден од мај, ниедно „кафе“ на полиците на продавниците во Србија нема да смее да го носи тој назив ако содржи макар и зрно житарки, соја, грашок, наут или цикорија.

Ваквите мешавини на амбалажата ќе се нарекуваат „производ на база на кафе“ или „производи на база“ на цикорија, соја… Скробот, кој сега може да се најде како составен дел на „кафето“, од 31 мај ќе биде – целосно забранет. 

Новиот Правилник за квалитет на сурово кафе, производи од кафе, сурогати на кафе и сродни производи беше донесен во декември 2020 година, но неговата примена беше одложена за 31 мај 2022 година за да имаат време производителите да го усогласат своето производство со новите правила и да се прилагодат на новиот начин на декларирање.

Но, истиот правилник предвидува можност „производите кои се декларирани или означени до датумот на примена на овој правилник, а кои не ги исполнуваат пропишаните услови, да можат да се најдат на пазарот до истекот на рокот“, што би значело дека , во пракса, сепак, и во јуни на трговските полици може да се најде некое „залутано“ кафе – кое веќе не е такво.

Постојат два начини на означување, во зависност од тоа дали уделот на мелено кафе во одреден производ е поголем или помал од 50 проценти.

Ако уделот на печено мелено кафе во смесата е поголем од 50 проценти, производот ќе се вика „производ на база на кафе со (на пример) соја“. Доколку, пак, уделот на печеното мелено кафе во смесата е помало од 50 проценти, на таков производ нема да му може да се означува како производ на база на кафе, туку ќе се нарекува „производ базиран на (на пример) соја со кафе“.

Таквите називи мора да бидат видливи на пакувањето. Уредбата, исто така, дефинира што е замена за кафе. „Замена за кафе е производ кој се добива со печење на овошје и делови од растенија кои се јадат богати со скроб, шеќери и инулин. Со варење или растворање на овие производи во вода се добива пијалок“, се објаснува во Правилникот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...