Регион

„Беохемија“ ја презеде чешката компанија „Централ Јуропијан индустрис“

05 окт 2021

Компанијата „Централ Јуропијан индустрис“ (CE Industries), Чешка и „Престон холдинг“, Србија, актуелен сопственик на „Беохемија“, потпишаа договор по повод преземањето на „Беохемија“.

Во рамките на бизнис-планот на „Централ Јуропијан индустрис“, основата за понатамошен развој се заснова на проширување на опсегот на стоки за широка потрошувачка и доближување на постојните и идните производи од нејзината понуда до потрошувачите во Централна и во Југоисточна Европа.

Давор Милиќевиќ, претседател на „Престон холдинг“ посочи дека со знаење и финансиска поддршка на чешкиот инвеститор „Беохемија“, кој веќе успешно работи во земјите од регионот и на пазарите во Австрија, Северна Италија и Словенија, ќе ја зајакне својата позиција.

Роман Кратохвил од „Централ Јуропијан индустрис“ изрази задоволство што традиционално добрата соработка меѓу српската и чешката економија продолжува преку оваа инвестиција: „Беохемија“ е препознаена како одлична основа за проширување на бизнисот, зголемувајќи го своето учество на постојните и развивајќи нови пазари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...