Регион

Србија ги отвора трговските центри во понеделник

09 апр 2021

На денешната седница на Кризниот штаб донесена е одлука за отворање на трговските центри, но и за враќање на учениците во училиштата.

Од понеделник, 12 април, трговските центри се отвораат и нивното работно време ќе биде до 22 часот. Сепак, угостителските објекти во трговските центри сè уште нема да бидат отворени, одлучи Кризниот штаб. Попрецизно, угостителски објекти што се наоѓаат во трговски центри со тераса и пристап до отворено ќе може да работат, а тие што се во затворен простор ќе останат затворени.

Кога станува збор за учениците, одлуката е условена со уште една проверка на епидемиолошката ситуација, така што доколку бројките се намалуваат, децата ќе се вратат на училиште од 19 април. Тоа практично значи настава во училниците, но и комбинирана настава, каков што беше случајот со средношколците.

На денешната седница на Кризниот штаб се дискутирало и за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти. Според планот, тие треба да бидат отворени на 19 април, но сепак, одлуката е одложена.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...