Млекарница „Шабац“ ги исполнува светските стандарди за квалитет и безбедност на производите, со што стекна IFS Food sertifikat - највисок сертификат за производство на храна, што го издава сертификациската куќа „Куалити Австрија“, соопштија од компанијата.
„Шабац“ веќе една деценија го поседува и сертификатот FSSC 22000, благодарение на кој настапува како најголем извозник на млечни производи од Србија на пазарите од Русија преку Европа до САД.
Исполнувањето на стандардите на IFS и стекнувањето сертификат, со највисока оценка, е додатна вредност за нашата компанија бидејќи ни ги отвара вратите на светските продажни синџири, како што се „Шпар“, „Карфур“, „Алди“, „Метро Кеш&Кери“, „Теско“ и други. Од една страна, покажавме дека вработените се свесни за својот придонес и за безбедноста и квалитетот на нашите млечни производи, во согласност со светската пракса, а од друга-дека посветеноста кон потрошувачите е нашиот извор на инспирација за секој нов проект, соопштија од млекарницата.
Производството во „Шабац“ има традиција долга 90 години.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.