Македонија

Бизнисот бара слободен проток на работна сила во регионов

25 Dec 2019

Работната рака во регионов посебно ќе биде проблем во наредниот период бидејќи и високоиндустриските земји од Европа веќе најавија олеснување за добивање на работни визи за квалификувани и високостручни кадри. Ако до пред некоја година проблем на бизнисите  беше како да се продре на пазарите кај соседите, сега предизвик е како да најде работна рака, изјави денеска потпретседателот на Стопанската комора, Живко Мукаетов, на прес-конференција на која беа претставени резултатите од соработката со Србија.

За жал, сѐ полош кадар доаѓа од образовните институции. Со овој проблем се соочуваат не само нашите, туку и компаниите во регионот, а негативниот ефект кој се создаваше изминатиот период допрва ќе се почувствува, рече Мукаетов. 

Мукаетов и неговиот колега од српската инвестиција во земјава компанијата „Свислион“ Александар Јаниќ, го актуелизираа проблемот и од причина што веќе почнале или планираат инвестиции за кои ќе им биде потребна квалификувана работна сила.Работната рака за компаниите од регионот посебно Србија и земјава е проблем кој треба да се решава се свесни и владите на двете земји. Амбасадорката на Србија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ, решение гледа во отворањето на регионалниот пазар на труд кој е дел од иницијативата „Мини Шенген“ која ја поддржаа Србија, Албанија и Македонија, а Босна и Херцеговина и Црна Гора размислуваат да се вклучат во неа. 

Во рамки на ницијативата се планира слободен проток и на работната сила, а за тоа ќе ни триба хармонизирање на законодавството, олеснување на давањето работни дозволи, па можеби и наставните програми во средните стручни училишта, рече  Дивјак Томиќ.

Мукаетов и Јаниќ како бизнисмени кои инвестираат во двете земји ги посочија како проблем и бројната бирократијата, храмонизирањето на законодавството и сертифицирањето, но сметаат дека и двете земји се погодни за инвестирање и за водење бизнис.

Извор: Плусинфо 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...