Македонија

Денеска се отвори 72. маркет „Киппер“

27 сеп 2021

Синџирот хард-дисконти „Киппер“ денеска (27 септември) го отвори новиот маркет во Куманово, кој е 72. продажен објект во неговата малопродажна мрежа.

Новиот маркет, во кој се вработени 9 луѓе, е лоциран на улицата Октомвриска револуција, бр. 22. Вкупно се простира на површина од 508 квадратни метри, од кои 420 се продажен простор, а преостанатите се магацински простор и други простории. Потрошувачите можат да се услужуваат на две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.400 (не)прехранбени артикли.

Во планот за проширување за компанијата, следни локации се: Гостивар, населба Аеродром во Скопје, Охрид, Радовиш, Струмица, Тетово, Желино и Бервеница, изјавија за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...