Македонија

Со еден клик разгледајте ги Мапа на трговци и Мапа на дистрибутери!

28 Jul 2021

Излегоа од печат изданијата од најновиот проект на InStore и „Кликер маркетинг“ – првата Мапа на дистрибутери, а по големиот интерес и бројните позитивни коментари од минатата година, и второто издание на Мапа на трговци. Изданијата можете да ги прелистате на овој линк. Во печатена форма веќе се дистрибуирани на Вашите адреси. 

Мапата на дистрибутери изобилува со информации за работењето на дистрибутерите, анализи и истражувања. Објавени се релевантни анализи на пазарот – дистрибутивни компании според големина и регионална покриеност, приходи, број на вработени, информации за брендови и приватни трговски марки. Извори на информации се дистрибутерите, како и реномирани истражувачки агенции и признати експерти. Содржи анализа за дистрибуцијата на македонскиот пазар, мапа на топ -15 компании според приходи од продажба на производи во 2020 година, анализа на финансиските резултати на логистичките компании, трендови во во синџирите на снабдување...

Мапата на трговци содржи InStore - анализа за работата на трговците, анализи од истражувачки агенции од Македонија, од регионот и од светот, совети, трендови...Тука можете да ја прочитате анализата на InStore за малопродажбата на македонскиот пазар, анализа на сегментот трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, кој е профилот на македонскиот купувач, истражување за онлајн - пазарувањето во Македонија, мапа на топ- 5 компании според приходи од продажба на производи во 2020 година, урбана наспроти субурбана малопродажба, постпандемски совети за трговците и уште многу други содржини. 

Благодарност до сите компании, истражувачки агенции и соработници кои со својот придонес ги збогатија двете изданија. Ги очекуваме Вашите коментари! 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...