Видео вести

(ВИДЕО) Прва реклама на „Кока-кола“ во време на пандемија

06 Jul 2020
Најголемата компанија за безалкохолни пијалоци во светот, „Кока-кола“, ја објави својата прва вистинска реклама по прогласувањето на пандемијата на корона вирусот, насловена „The Great Meal“ (Големиот оброк). Спотот прикажува како луѓето ширум светот ја обновиле својата љубов за готвење за време на карантинот.
 
Денот кога светот застана беше денот кога ние откривме каде да одиме, посочува нараторот додека повеќе фамилии се посветуваат на кујната и подготвувањето на вкусни домашни оброци, кои на крај ќе се најдат на фамилијардната трпеза, секако придружени со шише Coca-Cola.
 
Рекламата вклучува 13 различни, вистински фамилии од Лондон, Лисабон, Киев, Мексико Сити, Мумбај, Орландо и Шангај. Отсега натаму, нема до оставаме ништо во нашите чинии, бидејќи научивме да уживаме во вкусот на моментите кои секогаш беа тука, се истакнува на крајот од спотот.
 
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Anomaly New York и продукциската куќа Somesuch.
 
Погледнете:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...