Свет

„Кока кола“ ќе укине најмалку 4.000 работни места

30 Aug 2020

Компанијата „Кока кола“ објави дека ќе укине најмалку 4.000 работни места во Канада, САД и Порторико. Во соопштението на глобалниот гигант се наведува дека во рамките на новата стратегија, ќе се случи прераспределба на работници и ресурси.

Менаџментот на компанијата исто така започна програма за доброволно заминување за да се избегнат присилни отпуштања.

Програмата нуди подобрени бенефиции и прво ќе им биде понудена на најмалку 4.000 работници во Канада, САД и Порторико.

Слична програма ќе се понуди во многу земји низ светот, се вели во соопштението на компанијата, која има намера да ги намали оперативните трошоци од 350 до 550 милиони долари.

„Кока кола“ исто така планира да ги намали оперативните единици од егашните 17 на девет единици.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...