Свет

Најден начин да се продолжи свежината на овошјето во маркетите

25 авг 2020

„Едека“, најголемиот синџир супермаркети во Германија и американската технолошка компанија „Апеел Сајанциес“ пронајдоа начин да го продолжат векот на овошјето и зеленчукот на полиците во маркетите. 

Со помош на иновативна техника, остварија импресивни резултати со авокадото, го намалија отпадот од авокадо за 50 отсто, ја зголемија продажбата за 20 отсто, по што најавија дека истата техника ќе се проба и за мандарините и портокалот. 

Всушност, американската компанија разви „волшебен“ слој со кој се третира овошјето за подолго да биде свежо. Слојот е од тенка полимерска бариера што ја развиле растенијата во тек на нивната еволуција. Кога научните ја изолираа оваа молекула, ја претворија во пудра што може да се раствори во вода. Таа мешавина, како што велат од „Апеел Сајанциес“, може за два пати, па дури и за четири пати да го зголеми векот на храната на полиците. Кога користиме решенија од природата за да го намалиме отпадот од храна, секој има добивка: продавачите, купувачите и животната средина, соопштија од компанијата. 

Авокадото третирано со овој слој првично се најде во 2.900 продавници на „Едека“ во Германија. Добрите резултати го натераа трговецот овој систем да го воведе во уште 11.000 продавници. Во план е техниката да се прошири и врз други видови цитрусно овошје. 

Секој жител на Германија годишно фрла по 75 килограми храна, а една третина од тој отпад е овошје и зеленчук.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...