Свет

„Алди“ покрена нов иновативен проект

26 јул 2020

Што е следно?“, е називот на новиот, иновативен проект што го покрена трговецот „Алди“ со цел да ги поттикне младите вработени на иновации во прехранбениот сектор, но и во неговите придружни сектори

На тој начин, „Алди“ сака да го забрза развојот на нови производи во согласност со најновите глобални трендови. Подготовките за проектот почнаа на почетокот на оваа година, но беа одложени поради пандемијата.

Производите кои најмногу ќе го импресионираат жирито ќе добијат можност да се најдат на полиците во маркетите на „Алди“ во Германија, а потоа и во Словенија, Австрија, Унгарија, Швајцарија, Велика Британија, Ирска, Австралија, САД и Кина. 

Да потсетиме, сличен проект покрена и „Шпар“-Словенија и тој во последните години имаше значителен успех, поради добро организираната промотивна кампања и големата телевизиска видливост. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...