Свет

„Кока кола“ лани вложи 3,7 милијарди евра во маркетинг

10 Mar 2020

Компанијата „Кока кола“ за потребите на своите маркетиншки активности во 2019 година вложи 3,7 милијарди евра. 

Според анализите на светските медиуми, „Кока кола“ вложува многу пари во маркетиншки активности, а истовремено е препознатлива по бројни иновативни кампањи. Во периодот меѓу 2014 и 2015 година, маркетиншките активности пораснаа за 12 отсто, а меѓу 2017 година и 2018 година има скок за 3,6 отсто. 

Компанијата го сруши рекордот во минатата година, кога маркетиншките активности изнесуваа 3,7 милијарди евра. Притоа, не само што ги зголеми вложувањата во огласување, туку го зголеми и бројот на вработени-процентуално, за 27 отсто меѓу 2018 и 2019 година, односно на околу 86.000 вработени.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...