Компанијата „Фереро“ повторно го почна производството во најголемата светска фабрика за Nutella во северна Франција, откако пред пет дена ја затвори фабриката поради сомнежи за квалитетот на производот.
Сомнежите беа поради квалитетот на печени и мелени лешници што се составен дел од намазот „Nutella“ и на чоколадите Kinder Bueno.
Спроведовме контроли и утврдивме дека ниту еден готов производ кој е складиран во фабриката не е ризичен по здравјето на нашите потрошувачи, ниту е со намален квалитет, соопштија од „Фереро“.
Во оваа фабрика се произведуваат третина од сите Nutella тегли што се продаваат ширум светот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.