Трговецот „Казино“ нема да се спои со компанијата „Теракт“, со која преговараше од март годинава. Двете компании преговараа за спојување на своите дистрибутивни активности во Франција и воспоставување заеднички синџир на снабдување.
Сега, двете компании известија дека заеднички одлучиле да ја стопираат соработката.
Како што пренесува „РетаилДетаил“, за компанијата, чиј долг моментално е над 5 милијарди евра, се заинтересирани тројца француски бизнисмени. Триото веќе обезбеди поддршка од кредитори и од фондови, при што изјавија дека се добредојдени сите „кои сакаат да учествуваат во трансформацијата на историски важниот малопродажен синџир“ се докеја ја почитуваат историјата и идентитетот на компанијата.
Извор: РетаилДетаил
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.