Свет

Стигнува кафе произведено во лабораторија

12 Nov 2021

Фински научници произведоа кафе во Петриев сад ( плиток сад што го користат биолозите), наместо на плантажа. 

Се надеваме дека создадовме одржливо кафе. Тоа навистина е вистинско кафе, бидејќи во него нема ништо друго освен кафе, изјави Хеико Ришер од финскиот технички иститут, покажувајќи чинија полна со кафеав прав. 

Од Институтот уверуваат дека со вакво производство ќе се избегнат бројни еколошки проблеми што ги предизвикува масовното производство на еден од најпопуларните напитоци во светот. Нивното кафе не се прави од сомелено зрно, туку од делови од растението кафе во строго контролирани услови во биореактор. Кога ќе се препржи, правот може да се подготви на сосема ист начин како и конвенционалното кафе. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...