Свет

Nespresso инвестира 147 милиони евра во проширување на производството

21 јун 2021

Nespresso го проширува производствениот центар во Ромонт, Швајцарија. Инвестицијата од 160 милиони швајцарски франци (близу 147 милиони евра) во нов објект ќе помогне да се задоволи зголемената побарувачка на купувачите за премиум кафињата на Nespresso и да се поддржи меѓународниот развој во следните години. 

Новата производствена хала ќе ги удвои капацитетите за производство. Ќе има десет нови линии, кои би требало да се целосно оперативни до јуни следната година. Проектот ќе создаде 300 работни места до 2030 година. 

Фабриката во Ромонт беше изградена во 2015 година и е центар за прозиводство на кафето Nespresso Vertuo, достапно во 24 земји ширум Северна Америка, Европа и Азија. Ромонт беше првиот производствен центар во Швајцарија. Пред три години, беше отворен и новиот Центар за развој на производи чија цел е поддршка на иновациите во производството на кафе.  

Инаку, во тек на последните 10 години, Nespresso инвестирше 642 милиони евра во три производствени центри во Швајцарија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...