Регион

„Конзум“ останува најсилен трговец во Хрватска

28 Sep 2020

„Конзум“ и натаму останува најсилен трговец на мало на хрватскиот пазар, но неговиот удел е во благ пад поради растот на главните конкуренти, „Лидл“ и „Кауфленд“. 

Ова се резултатите од истражувањето на пазарот на дистрибутивна трговија на мало за 2019 година, што ги објави Агенцијата за заштита на пазарниот натпревар(АЗТН). Во истражувањето беа вклучени 50-тина трговци, меѓу кои има и двајца нови, „Робин“ и „Дергез“. 

Како најсилен трговец на мало во 2019 година, „Конзум“ бележи воедначен раст на приходите. Неговиот пазарен удел во 2019 година е 20-30 отсто, соопштија од Агенцијата. 

Пазарниот удел на „Лидл“ во истиот период изнесуваше 10-20 отсто, а на „Кауфленд“ беше 5-10 отсто. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...