Регион

„Перутнина Птуј“ оствари рекордна продажба во 2019 година

24 Aug 2020

„Перутнина Птуј“ оствари 285 милиони евра приходи од продажба во 2019 година. Тоа е пет пати повеќе во споредба со годината претходно и рекорд на компанијата. 

Добивката пред оданочување, амортизација и камата е зголемена за 43 отсто, на 41,7 милиони евра. 

Со овие резултати, „Перутнина Птуј“ ја задржа водечката позиција на пазарот во Словенија, со истовремено зголемување на пазарниот удел во земјите во регионот-во Хрватска, БиХ и Србија. И покрај влошената ситуација поради пандемијата, позитивното работење на групацијата продолжува и оваа година, соопштија од „Перутнина Пуј“. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...