Во општина Нови Град, реонот на Сараево, ќе биде отворен најголемиот трговски центар на „Бинго“ во Босна и Херцеговина.
Станува збор за деловен објект со намена трговија, култура и забава.
Објектот се состои од подрум и приземје. Во подземната гаража има 375 паркинг места, а заедно со надворешниот паркинг, вкупно 724 места за паркирање. Во приземјето се наоѓа хипермаркет со површина од 10.700 квадратни метри, ресторан со галерија и надворешна тераса, како и простории за содржини од областа на културата и забавата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.