Регион

„Хенкел“ – Србија доби признание за ангажманот во текот на пандемијата

22 јун 2020

Регионална стопанска комора на Расинскиот округ ѝ додели благодарница на компанијата „Хенкел“ – Србија за ангажманот и соработката во текот на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

За време на вонредната состојба „Хенкел“ додели вредни донации на Општата болница во Крушевац, а во соработка со фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, беа испорачани медицински апарати (респиратори и клинички монитори), се наведува во соопштението на компанијата. Притоа, се додава и дека „Хенкел“ понуди и материјална помош, односно средства за хигиена и заштитна опрема, наменета за пациентите и лекарите. Освен тоа, донирани се и производи на Црвениот крст на Крушевац, како поддршка за најстарите жители.

Во името на „Хенкел“ – Србија, сакам да им изразам голема благодарност на сите медицински работници за извонредната ангажираност во текот на вонредната состојба, како и на сите организации што вредно работеа за да им пружат поддршка на најзагрозените граѓани. Оваа благодарница е од големо значење за нашата компанија, бидејќи сведочи дека во тешките времиња им бевме поддршка на нашите херои и сограѓани, истакна Душан Антонијевиќ, директор на фабриката на „Хенкел“ во Крушевац.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...