Регион

Првпат во Сараево се одржува CEO Summit за бизнис лидери од регионот

18 јун 2020
Денес во Сараево се одржува првиот CEO Summit, конференција која ги обединува успешните лидери и компании од Босна и Херцеговина и од регионот. Организатор е босанската редакција на InStore. 
Што ни носат промените кои настанаа во време на криза, како да се прилагодиме и да продолжиме со редовно и успешно работење, кои се можностите што компаниите во БиХ и во регионот не смеат да ги пропуштат, какви перспективи не чекаат, се само некои од темите на кои зборуваат домашни и регионални CEO лидери. 
CEO Summit е наменет за бизнис лидерите од БиХ и од регионот, за директори на компании, за топ менаџментот од реалниот и од услужниот сектор, за претставници на државни институции, за дипломатскиот кор... На конференцијата физички се присутни претставници на повеќе од 70 компании, 13 говорници, и претставници на спонзорите-повеќе од 20 компании, кои ги препознаа моментот и потребата да се ангажираат во целта за подобрување и за опстанок на пазарот. Оние кои не се во можност физички да присуствуваат, ја следат конференцијата преку онлајн-стриминг. 
Ова воедно е и можност домашните лидери да се обединат и со заеднички проекти да го помогнат опстанокот, но и да отворат нови можности за ширење на бизнисот. Лидерите на денешното време и лидерите на новото доба ќе послужат како инспирација и водич низ темите кои во овој момент се клучни за одрливост на компаниите и на стопанството во целина, и да го одредат патот на многу компании кон новиот „стар“ почеток, соопштија организаторите. 
 
Повеќе за програмата и за говорниците можете да видите тука. 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Еуроспин“ влегува во Хрватска

20 јул 2020

Растат приходите на „Подравка“ и покрај кризата

20 јул 2020

„Атлантик група“ со стабилни полугодишни резултати

20 јул 2020

„Дукат“ е подготвен да го откупува млекото од кооперантите на „Мегле“

20 јул 2020

Истражување: 70 отсто од граѓаните на Србија купуваат преку интернет

20 јул 2020

„Краш“ ја зголеми добивката за 15 отсто

20 јул 2020
Вчитува уште новости...