На почетокот од август „Колмикс“ ќе отвори модерна фабрика за супи и за зачини на 3.000 квадратни метри во БиХ.
Од менаџментот на компанијата нагласуваат дека фабриката ќе ги исполнува сите услови за производство на храна, во согласност со важечките прописи во Европската заедница.
„Колмикс“ е локална босанска компанија со 28 вработени, која произведува инстант супи и зачини од 1998 година. Производите на компанијата се присутни на десет европски пазари.
Шемсудин Дедиќ, министер за земјоделство, водостопанство и шумарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина, минатиот петок организира состанок во Сараево со директорот на „Колмикс“ од Велика Кладуша – Неџад Мезилџиќ. Дедиќ му честита на директорот за постигнатите успеси и го поздрави фактот што суровините за производство најчесто се од локалната заедница.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.