Регион

Почна 6 FMCG Summit во Сараево во организација на InStore

05 Mar 2020

Денеска во Сараево почна 6 FMCG Summit, најголема конференција за стоки за широка потрошувачка во Босна и Херцеговина. 

Конференцијата ја организира босанската редакција на магазинот InStore и собра околу 400 учесници. 

Клучни говорници се Миодраг Боројевиќ, член на Управниот одбор на „Фортенова груп“ (поранешен „Агрокор“) и британецот Реј Гаул, експерт за водечки трговски трендови во малопродажбата. Примарниот фокус на самитот е анализа на состојбите и потенцијалот на босанските трговци и на клучните промени што значително ќе влијаат врз нивниот развој. За првпат, за статусот и опстанокот на традиционалните продавници јавно ќе зборуваат претставниците на ТОП трговските синџири во БиХ: Един Ибрахимовиќ, извршен директор за  бизнис операции во „Бинго“, Дамир Шлосел, директор во дрогериите dm, Нихад Имшировиќ, директор во „Конзум“ и Ахмет Коштреба, директор во „Меркатор“. 

Целодневната конференција ќе им понуди на учесниците анализа за состојбите и потенцијалот на домашниот и на регионалниот трговски сектор, анализа на претстојните трендови од Европа и преглед на моделите на работење на глобално ниво. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...