Регион

Производството на „Сарајевски кисељак“ надмина 120 милиони литри

05 Mar 2020

„Сарајевски кисељак“ наполни 120 милиони литри пластични и стаклени шишиња со обична, газирана вода и други безалкохолни пијалаци.

Директорот на компанијата, Давор Чичиќ, истакна дека нивните брендови се меѓу најпродаваните во БиХ. Истовремено, тој најави проширување на асортиманот на пијалаци на овој пазар со два нови производи.

Во врска со првата гринфилд-инвестиција во рамките на „Фортенова“, изградбата на фабриката во Крешево Чичиќ истакна дека во неа во моментот се полни исклучиво водата Sara, а во план е производство на амортизирана вода и на сокови.

Во моментот извезуваме 40% од целото производство, а во Хрватска нашите брендови, во сите категории, се наоѓаат на второто место, додаде Чичиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...