Црна Гора годишно увезува по 3,22 милиони килограми пржено и непржено кафе. Секој од околу 622.000 жители во просек пие по околу 740 филџани кафе, покажуваат статистичките податоци.
Овие бројки се изведени од „домаќинска“ мерка од 7 грама за секој филџан кафе.
За увоз на кафето, Црна Гора годишно троши по околу 9,4 милиони евра. Најмногу се увезува од Бразил (4,17 милиони евра). На второ место е Индија, со увоз вреден 2,9 милиони евра. Следуваат Италија, од каде се увезуваат по 412.000 килограми кафе, Македонија со 137.500 килограми, Виетнам со 84.500 килограми, Австрија и Србија со по 27.000 килограми годишен извоз во Црна Гора...
Од друга страна, оваа држава извесува едвај по околу 1.500 килограми кафе за околу 1.000 евра годишно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.