Регион

„Дон дон“ купи дел од имотот на „Житопромет“

07 May 2019

„Дон дон“, една од водечките компании во производство на леб и пекаски производи, купи дел од имотот на „Житопромет“ - погон од пекарницата во Зајачар.

Производителот на леб и печива од Зајачар е компанија со долга традиција, но и со големи кумулирани загуби. Состојбата во која е затекната компанијата е предизвик за „Дон дон“ и затоа е потребно да се вложат знаење, искуство, енергија и пари, за да се врати стариот сјај. Од „Дон дон“ истакнаа дека се испратени сите со закон потребни акти до надлежните институции, за да ја добие дозвола за продолжување на производството.

Компанијата почна постапка за продолжување на производството во погонот. Направени се и разговори со работниците кои се известени за ситуацијата, а по добивањето на потребните документи, компанијата ќе почне со производство и ќе преземе дел од работниците, се наведува во соопштението.

Компанијата „Дон дон“ ќе ги преземе сите потребни планови и активности за што побрзо и на најефикасен начин го почне производството на таа локација.

„Дон дон“ работи во Србија од 2008 години и оттогаш до денес во пекарската индустрија во Србија, компанијата вложила повеќе од 60 милиони евра. Во сопствеништвото на компанијата се брендовите Tvojih 5 minuta и Naše zrno.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...