Продажните цени на земјоделските производи и рибите во јануари 2025 година, во однос на истиот месец од 2024 година, се зголемени за 0,9 отсто, се вели во извештајот на Републичкиот завод за статистика на Србија.
Гледано по главни групи производи, во однос на истиот месец лани, најголемо влијание врз растот на цените е забележано во групите Жита (16,7%) и Индустриски растенија (7,5%). Производните цени на земјоделските и рибните производи во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, се зголемени во просек за 3,1%. Гледано по главни групи производи, во однос на претходниот месец, најголемо влијание врз растот на цените е забележано во групата Жита (10,3%).
Производните цени на земјоделските и рибните производи во периодот јануари-декември 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, се зголемени во просек за 2,1%. Гледано по главни групи производи, во периодот јануари-декември 2024 година во однос на истиот период од 2023 година, најголемо влијание врз растот на цените е забележано во групите: Индустриски растенија (7,6%) и Стока и живина (5,1%).
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.