Регион

Црна Гора: Инфлацијата во 2024 година изнесува 3,3%

21 Jan 2025

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Црна Гора, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во декември 2024 година се во просек пониски за 0,1 отсто во однос на ноември, објави „Монстат“.

Најголемо влијание врз негативната месечна стапка на инфлација имаше падот на цените во групите: зеленчук, овошје, чевли и други обувки и други апарати, артикли и производи за лична нега.

Гледано по главни групи производи и услуги по намена на потрошувачка, во декември 2024 година, во однос на ноември, раст е забележан во следните групи: Рекреација и култура (2,7%); Превоз (1,4%); Ресторани и хотели (0,5%); Домување, вода, струја, гас и други горива (0,2%); Алкохолни пијалоци и тутун (0,1%); Здравје (0,1%); Комуникации (0,1%) и Останати стоки и услуги (0,1%), а пад на цените е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци (-1,1%) и Облека и обувки (-0,3%).

Потрошувачките цени во декември 2024 година беа во просек за 2,1% повисоки од истиот месец претходната година.

За цела 2024 година инфлацијата изнесува 3,3%, при што најголем раст е забележан во групите Ресторани и хотели (8,4%) и Облека и обувки (7,3%), а најмал раст во групите Транспорт (0,9%) и Храна и безалкохолни пијалоци (1,3%)

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...