Регион

Србија: „Делез“ отвори 34 нови продавници и модернизира над 20 објекти

14 Jan 2025

Малопродажниот синџир „Делез“ - Србија остана посветен на проширување и подобрување на својата малопродажна мрежа во изминатата година. Компанијата успешно ја заврши 2024 година со отворање на 34 нови и реновирање на 24 продавници.

Опремени и дизајнирани според најновите стандарди за малопродажба, отворени се нови продавници во дури 27 градови и населени места низ Србија, а меѓу првите „Макси“ супермаркети добија жителите на Севојна, Велика Плана, Петроварадин, Сјеница, Србобран, Ковин, Покуплје, Велико Градиште, Бачка Топола и Палиќ.

Одлични вести минатата година пристигнаа и за жителите на Нови Сад, за кои по три години, на местото на некогашното „Темпо“, повторно беше отворен хипермаркет на овој малопродажен синџир, под брендот „Мега Макси“. Отворањето на овој хипермаркет беше истакнато преку придонесот кон заедницата и зачувувањето на животната средина на што компанијата е стратешки посветена. Приклучувајќи се кон кампањата на градот „Да засадиме сега за иднината на Нови Сад“, вработените во компанијата со поддршка на „Градско Зеленило“ по овој повод засадија 30 листопадни садници, придонесувајќи за зазеленување на овој индустриски дел од градот. 

Во текот на минатата година супермаркетите „Макси“ се отворени на нови локации во Зрењанин, Шид, Белград, Крушевац, Чачак, Нови Сад, Лозница, Сремска Митровица, Крагуевац, Ваљево, Кикинда, Суботица, Врњачка Бања, Обреновац, Рума, Футог и Нови Пазар.

Покрај супермаркетите, граѓаните на главниот град добија и нова продавница „Шоп & Го“, а покрај отворањето на нови, компанијата во 2024 година модернизираше повеќе од 20 продавници во Белград, Краљево и Ниш.

Со отворањето на 34 нови и реновирање на 24 продавници во изминатата година, „Делез“ - Србија уште еднаш ја потврди својата стратешка определба да им обезбеди на купувачите низ земјата можност за докажано и квалитетно купување во нивното најблиско соседство, соопшти компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ – Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...