„ДТЛ Персу“ го отвори својот 177 продажен објект, на адреса Маршал Тито, 104, во Руски Крстур.
Во маркетот кој е на површина од над 160 квадрати, на потрошувачите им се нудат над 3.500 продизводи, локални и глобални, но и поголем избор на артикли со „Секогаш СуПер“ цени.
На свеченото отворање купувачите имаа можност да купат поединечни производи на специјална акција, но и да остварат 50% попуст на сите сметки кои беа над 800 динари.
Покрај намалените производи, купувачите имаа можност да добијат еден од 500. подарок пакети или торби, а атмосферат беше надополнета со дегустација на домашните производи Belkino и Delikato.
„Персу“ маркети веќе 27 години работат како малопродажен формат во рамките на доо „ББ трејд“. Трговската дејност ја вршат во 176 малопродажни објекти на територијата на Војводина и Белград. Член се на домашниот трговски синџир „ДТЛ“, кој денес обединува 13 трговски компании, со над 770 малопродажни објекти и со над 7.000 вработени низ Србија.
Извор: InStore.rs
Фото: „ДТЛ Персу“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.