Компаниите „Подравка“ и „Белупо“ како дел од иницијативата „Проект О2“, спроведоа акција за пошумување на Вуковар.
Во „Проектот О2“ се користат беспилотни летала за пошумување, користејќи т.н. „семенски бомби“ (топчиња со семе).
Покрај ваквиот начин за засадување, вработените на двете компании учествуваа во традиционалниот начин на пошумување, а во акцијата беше пошумена површина од два хектари.
Со дроновите биле пуштени 5.000 топчиња со семе со даб лужњак и други видови, додека на традиционален начин биле засадени дополнитени 200 садници со даб.
Нашата цел е да придонесеме за здрава и позелена животна средина, а еден од начините кои ги избравме за да ја постигнеме таа цел е пошумувањето. За поголеми резултати ги здруживме силите, со тоа се поврзавме внатре во групацијата, како „Подравка“ и „Белупо“, но и внатре во иницијативата „Проект О2“, затоа што заедно секогаш можеме да направиме повеќе. Нѐ привлече иновативноста на проектот, што е една од нашите темелни вредности. Овој иновативен и одржлив начин на пошумување кој овозможува засадување на шума на недостапни локации, брзо и ефикасно, овозможувајќи да ја достигнеме зацртаната цел да засадиме 100.000 дрвја до 2030 година, изјави Мартина Далиќ, претседателка на управата на „Подравка“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Подравка“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.