„Лидл“ – Србија продолжува со ширењето на својата продажна мрежа со отворање на две нови продавници на 7 ноември, во Ниш и Земун.
Третата по ред продавница на „Лидл“ во Ниш ќе биде отворена на булеварот Свети Панелејмон, 93Б, а жителите на земунската населба Галеница ќе можат да купуваат во продавницата на „Лидл“ на адресата Дунавски вирови 38.
Довербата што потрошувачите ни ја даваат секој ден не охрабрува да продолжиме да ја шириме нашата малопродажна мрежа, а со овие две продавници достигнуваме бројка од 74 продавници на „Лидл“ во Србија. Среќни сме што стануваме сигурен партнер и дел од семејната трпеза за се поголем број српски домаќинства, изјави Марија Којчиќ од секторото за корпоративни комуникации во „Лидл“ - Србија.
За време на инвестцијата во нови капацитети во Ниш и Земун, „Лидл“ влезе во соработка со повеќе од 60 српски изведувачи и подизведувачи. И двете продавници се изградени во согласност со најсовремените градежни принципи, со имплементација на одржливи решенија. На овие локации беа спроведени некои дополнителни иницијативи, па на паркингот пред продавницата „Лидл“ во Галеница беа поставени два полначи за електрични возила, кои се достапни за потрошувачите при пазарење. Покрај тоа, компанијата учествуваше во реализацијата на градските инфраструктурни проекти во Ниш и го изгради пристапниот пат за оваа продавница.
Со отворањето на две нови продавници на „Лидл“ - Србија, тимот ќе биде проширен за околу 70 нови колеги, кои очекуваат петдневна работна недела, со гаранција дека ќе бидат платени за секоја минута работа. Покрај конкурентните услови за работа и многубројните поволности, како приватно здравствено осигурување под еднакви услови за сите вработени, сите нововработени во продажба ќе добијат и 13-та плата на две рати во првата година од работа. По првите шест месеци работа, покрај основната плата ќе земаат уште 50% од договорената плата, а дополнителни 50% се очекуваат за завршената година од денот на вработувањето. „Лидл“ - Србија годинава на своите вработени во продажба им обезбеди дури две зголемувања на основната плата, како и две еднократни со вкупен износ од 74.000 динари.
Од компанијата соопштуваат дека во наредните години продолжуваат да го развиваат својот бизнис, како и партнерството со потрошувачите во многу локални заедници
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.