Трговскиот синџир „Конзум“ повторно ги отвори вратите на реновираната продавница на авенијата Марин Држиќ, во рамките на автобуската станица во Загреб.
Продавницата се протега на површина од 102 квадратни метри и целосно е реновирана, од излогот, осветлувањето па се до новата опрема.
На купувачите на располагање ќе им биде широк асортиман на „То гоу“ производи, самоуслужна пекара, свежо овошје и зеленчук, големи избор на пијалаци, деликатеси, пакувана храна, како и нов апарат за кафе за носење.
Покрај тоа, купувачкото искуство дополнително ќе го унапредат и новите самоуслужни каси, од кои две се за наплаќање со картичка, а на една ќе може да се наплаќа со картичка и во готово.
Извор/Фото: „Фортенова група“/„Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.