Регион

Црна Гора: „Лидл“ го зголемува капиталот

21 Oct 2024

Германскиот дисконтер „Лидл“ го зголеми својот капитал во Црна Гора на 36,5 милиони евра, што е зголемување за 13 милиони евра во однос на претходната сума, дознава порталот Инвеститор.ме. 

Ова е второ зголемување на основната главнина на црногорскиот „Лидл“ од почетокот на 2024 година, откако тој износ во март беше зголемен за два милиони евра.

Според регистарот на фирми, основна дејност на компанијата „Лидл“ Црна Гора во моментов е „купување и продавање на сопствен недвижен имот“, што значи дека компанијата во моментов е фокусирана на обезбедување локации за своите продавници и дистрибутивен центар.

За потсетување, министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, Славен Радуновиќ, на почетокот на август ги потпиша урбанистичко-техничките услови за изработка на техничка документација за изградба на објектот „Лидл“ Црна Гора во Бијело Поље.

Како што соопшти министерството, Радуновиќ изразил задоволство од потпишувањето на документот кој значително ќе придонесе за заокружување на процесот за обезбедување услови за почеток на работа на оваа компанија во Црна Гора.

Дополнително, на крајот на април компанијата купи и парцела со површина од 200.000 метри квадратни во Зета, каде што планира да изгради логистички центар.

Претходно беше најавено дека Лидл може да отвори околу 20 продавници низ Црна Гора, со што ќе се отворат околу 1.000 нови работни места.

Извор: Investitor.mk

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...