Трговскиот синџир „Гомекс“ на 11.октомври отвори уште еден маркет во Сомбор, а во истиот ден го отвори и реновираниот маркет во Зрењанин.
Реновираниот објект во Зрењанин сега се одликува со современ ентериер, широк асортиман на производи и унапредена организација на продажниот простор. Објектот располага со сопствена пекарница и на купувачите на располагаѓање ќе им биде и свежо овошје и зеленчук.
Отворањето на овие објекти беше одбележано со посебни промотивни акции и дегустации, како и со специјално подготвени изненадувања за секој стоти купувач.
Новата продавница во Сомбор се наоѓа на улицата Милета Протиќ, ББ, додека реновираниот маркет во Зрењанин е на улицата Раде Кончар, 10, во населбата „Мала Америка“.
Четвртата продавница на „Гомекс“ во Сомбор вработува девет работници и нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи овошје, зеленчук, месо, печива, млечни производи како и многу други категории.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.