Регион

Oreo со поддршка за Plazma

16 Sep 2024

Брендот на „Монделез интернешнл“, Oreo, на својот профил на Инстаграм упати порака за поддршка на Plazma, во време кога овој познат бренд тешко може да се најде на полиците во продавниците.

Драга Plazma се надевам дека ти и Mini Mini  сте добро. Не се грижам за мелената, таа секогаш добро се снаоѓа. Ти посакувам брзо закрепнување, а кога ќе се вратиш заедно ќе правиме торта. Договорено?, твојот другар Oreo, стои во објавата на Oreo.

На оваа поддршка Oreo доби одговор од Plazma.

Драг Oreo, имај трошка трпение, се гледаме наскоро. Биди добро и тркалезно, твоја Plazma.

По пожарот што кон крајот на јуни избувна во фабриката „Бамби“ во Пожаревац, во моментов се работи на санирање и обновување на производните линии кои беа оштетени, а најавени се и инвестиции во изградба и проширување на капацитетот на фабриката. Сепак, како што велат од компанијата, поради штетите предизвикани од пожарот, динамиката на производството ќе се прилагоди на расположливите капацитети, па може да се очекува Plazma и одредени брендови во одредени пакувања да не бидат континуирано достапни на сите продажни места и на сите пазари.

Моментално работиме на приоретизирање на портфолиото и согласно капацитетите на производните линии ќе се промени структурата на портфолиото, како и достапноста на производите. „Бамби“ секако продолжува да ги пласира своите производи, но можеме да очекуваме дека во одреден период што следи, Plazma и одредени брендови нема секогаш да бидат достапни на сите продажни места и на сите пазари. Сите знаеме дека Plazma е многу повеќе од бисквит , тоа е вкус кој го одбележа воспитувањето на многу генерации. Затоа нашите напори се насочени кон изнаоѓање на оптимални решенија со цел што поскоро враќање на нормалното работење, а од сите наши лојални потрошувачи, купувачи и партнери бараме разбирање и малку трпение, изјави Драган Стајковиќ, генерален директор на компанијата „Бамби.“ .

Потрошувачите низ Србија,  споделија на социјалните мрежи дека не можат да ја најдат Plazma во продавниците, а брендот побара од сите „малку трпение“.

Тешките времиња се можност да се поврзете и да се поддржувате еден со друг. Во секоја трошка Plazma досега, имаше и нашата љубов. Затоа сега бараме малку трпение, додека вашата омилена Plazma  се врати во полн сјај, објави компанијата на својата веб-страница.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...