Регион

Во Србија почна кампањата „Најдобра цена“

03 Sep 2024

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж и министерот за внатрешна и надворешна трговија, Томислав Момировиќ, по повод почетокот на кампањата „Најдобра цена“ посетија една од продавниците на трговецот ДИС.

Компанијата ДИС одговори на поканата на Владата на Србија и Стопанската комора на Србија да учествуваат во акцијата „Најдобра цена“.

Заедно со нашите доставувачи обезбедивме 104 артикли за оваа кампања и тие се достапни за потрошувачите во продавниците на ДИС низ Србија, изјави Иван Шулеиќ, генерален директор на ДИС.

Претседателот на ПКС посочи дека ова е една од најдобрите и најиновативните форми на соработка меѓу државата, Владата и стопанството и дека акцијата е значајна бидејќи ќе придонесе за ублажување на психолошката инерција на инфлацијата.

Како што истакна, за ваква акција е потребна поддршка од сите во синџирот, од потрошувачите и производителите, преку трговските синџири, па сè до државата, со цел избор на производи и пониски цени.

Намалувањето на цените ќе се прелее и на други производи, а тоа е начин да се запре психолошката инфлација, додаде претседателот на ПКС.

За потсетување, од 1 септември до крајот на октомври, граѓаните ќе можат да купат околу 700 артикли од 81 категорија на производи по намалени цени во 2.500 малопродажни места во рамки на акцијата „Најдобра цена“. Станува збор за прехранбени производи и средства за лична хигиена, како и производи за хигиена во домаќинството.

 

Извор: InStore

Фото: ПКС/Бобан Ристиќ



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...