Регион

Србија: „Гомекс“отвори маркети во Кач и Кничанин

26 Aug 2024

Со отворањето на нови маркети во Кач и Кничанин  трговскиот синџир „Гомекс“ продолжи со ширењето на својата малопродажна мрежа.

Продавницата во Кач е лоцирана на улицата Светосавска 62, додека  продавницата во Кничанин е на адреса Стеван Кничанин 87.

Новоотворените маркети нудат внимателно организирани сектори и широк асортиман на производи, при што посебен фокус е ставен на оделенијата за свежо овошје и зеленчук. По повод отворањето на маркетите за потрошувачите биле подготвени специјални попусти, како и подароци за секој стоти, двестоти, четиристоти и петстоти купувач, соопштуваат од компанијата.

           

 Од компанијата истакнуваат дека новите продавници во Кач и Кничани претставуваат уште еден чекор во давањето на квалитетни услуги и достапност на широкиот асортиман на производи низ Србија.

 

Извор: InStore

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...