Регион

Хрватска: „Плодине“отвори нови супермаркети во Вишково и Пашман

20 Aug 2024

 „Плодине“ отвори два нови супермаркети во Вишково и на островот Пашман.

Сите кои своето купување со радост го правеа во центарот на Вишково, сега тоа ќе можат да го прават на истото место во модерно уредениот простор. На денот на отворањето за сите купувачи беше подготвена бесплатна скара, беа подарени повеќекратни еко вреќички за сите купувачи, имаше забавна програма за деца и тркало за среќата со вредни награди, објавија од „Плодине“ на својот профил на „Ликендин“.

По повод отворањето на новите продавници од „Плодине“ донираа 2.600 евра на детската градинка во Вишково.

Со отворањето на новиот супермаркет во Пашман, компанијата има вкупно 141 супермеркет низ Хрватска.

Оваа продавница е на адресата Оточка цеста 14 и е на површина од 2.000 метри квадратни. Таа е со уреден и добро замислен простор кој ги следи  најновите трендови за уредување и опремување на просторот. Богатата понуда на познатите трговски брендови и приватни трговски марки на купувачи им нуди навистина голем избор и поволни цени кои се исти и на копно и на море, соопштуваат од компанијата.

    

По повод отворањето од компанијата донирале 2.600 еврана детската градинка „Бодулиќ“, на свеченоста по повод отворањето за купувачите била подготвена пригодна програма со дегустации, бесплатна скара и освежувачки пијалаци, како и тркало на среќата со вредни награди.

 Извор/Фото: „Линкендин“/„Плодине“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...