Регион

„Волт маркет“ одбележа две години од своето работење во Србија

11 Jul 2024

„Волт маркет“ неодамна одбележа две години од работењето во  Србија, како уникатен концепт на онлајн продавница со понуда во која се  вклучени повеќе од пет илјади артикли, меѓу кои,   може да се најде свежа храна, како различни видови на друга храна и непрехранбена производи.

„Волт маркет“ моментално е достапен за потрошувачите од Белград, Ниш и Нови Сад, а за две години од своето постоење на пазарот Србија стекна голем број партнери и потрошувачи, како и млади луѓе кои го избираат „Волт маркет“, објави компанијата.

Благодарни сме на сите партнери, кои го препознаа „Волт маркет“ како канал за проширување на нивната продажба и иновативен пристап кон потрошувачите, како и на сите кои ја користат апликацијата  преку која нарачуваат од „Волт маркет“ Нашата цел е, покрај уникатното искуство за купување и испорака,   на потрошувачите да им обезбедиме едноставно, квалитетно и брзо купување, во рок од 30 минути,  не само на секојдневни или автентични производи, туку и на детски играчки, купување на подароци во последен момент, потребштини за домаќинството но и пијалоци за изненадни забави. Исто така, секогаш истакнувам дека благодарение на соработката со многу мали локални производители, преку програмата „големиМали “ која ја спроведуваме во партнерство со УСАИД, успеавме да го збогатиме нашиот асортиман и да ја поддржиме домашната економија, истакна Кристијан Поповиќ, директор на „Волт маркет“ за Србија, Чешка и Словачка.

 

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Волт маркет“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...