Регион

Словенија: „Подравка“ инвестира во модернизација на „Жито“

11 Jul 2024

„Подравка“ свечено го отвори модернизираниот објект на пекарницата на „Жито“ во Марибор, во кој се зголемени производствените капацитети и имплементирана е автоматизација како дел од инвестицијата вредна 9 милиони евра.

Ваквата инвестиција е дел од повеќегодишниот процес во кој во „Жито“ до крајот на годинава ќе бидат инвестирани над 26 милиони евра .

Со осовременувањето на пекарницата на „Жито“ во Марибор ги зголемуваме капацитетите во производството на леб и пецива за триесет отсто и го удвојуваме капацитетот за печење. Со тоа одиме кон постигнување на статусот за најголема модерна пекарница во Словенија. Новитетите претставуваат важен чекор кон автоматизација на производството и подобра контрола на квалитетот. Сето тоа донесува бројни позитивни ефекти, како за компанијата, така и за вработените и и за нашите потрошувачи, изјави Томислав Бујановиќ,генерален директор на „Жито“.

 Модернизираниот погон вклучува комора за автоматско подигнување на леб, линија за производство на пецива и нови уреди, како што е двокатната печка за леб, ладната спирала и двата тунела за замрзнување на пецивата. Исто така, воспоставена е линија за автоматско пакување на лебот и пецивата, како и котларница  и просторија за компресорска станица.

 Можеме да кажеме дека со сите инвестиции кои ги завршивме во овие три години на „Жито“ му дадовме можност за успешна иднина. Меѓутоа, на оваа цел треба да се работи секојдневно. Пред нас се уште многу важни задачи, а тие се однесуваат на посветување кон потрошувачите и само кон потрошувачите. Да се биде брз, да се скрати времето за реакција на потребите на потрошувачите, уште подобро да се разберат нивните потреби и да не се прават компромиси во поглед на квалитетот,тие се целите кон кои мораме да се водиме во секој момент. Во име на целокупниот менаџмент на „Жито“ најавуваме многу работа и целосна насоченост кон купувачите, пазарот и кон потрошувачите, изјави Марина Далиќ, претседателка на управата на „Подравка“.

Извор: InStore.hr
Фото: „Подравка“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...