Регион

Грција: Воведена е шестдневна работна недела

03 Jul 2024

За да поттикне економски пораст и да ја зголеми продуктивноста Грција воведе шестдневна доброволна работна недела и покрај противењето на синдикатите кои сметаат дека овој потег нема да ги реши економските проблеми и недостигот на работа сила во земјата.

Како што пренесуваат медиумите, шестдневната работна недела ќе се однесува само на приватните компании во Грција кои нудат 24 часовни услуги.

 Во рамките на продолжената работана недела вработените од избраните секотри и во производните погодни ќе имаат можност да работат доплнителни два часови дневно или дополнителна осумчасовна смена за надоместок од 40 отсто од редовната дневница, пренесува „Гардијан“.

Владата на Грција смета дека ваквата мерка е неопходна поради намалениот број на жители и недостигот на квалификувани работници.

 

Извор: blic.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...