Регион

Трговскиот синџир „Еуроспин“ влегува на српскиот пазар

02 Jul 2024

Според информациите кои ги пренесува порталот „Рителј Србија“, италијанскиот трговски синџир „Еуроспин“ во следните две години ќе влезе на малопродажниот пазар во Србија.

Претставници на италијанската компанија се во потрага на локации за изградба на модерни продажни места, а исто така имале и разговори со добавувачи за опремување на продавниците во Србија.

 Последните две години „Еуроспин“ активно работи на експанзија во Хрватска и од неодамна ги отвори своите први модерни дисконти во Малта, пренесува „Екапија“.

„Еуроспин“ е основан во 1993 година и е најголем италијански трговски синџир кој поседува над 1.200 продавници.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...