„Лидл“ - Србија во следните месеци ќе поддржи бројни доброволни крводарителски кампањи на Црвениот крст на Србија во различни градови низ државата.
Крводарителските акции ќе се организираат во текот на јуни, јули и август, во мобилните центри - трансфузиони возила на Заводот за трансфузија на крв од Србија и Заводот за трансфузија на крв од Војводина, на паркинзите пред продавниците на „Лидл“.
Се проценува дека во Србија се неопходни 40 крводарители на 1.000 жители, што е особено тешко остварливо во текот на летото, поради сезоната на годишни одмори.
Во наредниот период потрошувачите покрај купување на производи во „Лидл“ ќе можат да даруваат крв, а компанијата внимателно подготви подарок изненадување за сите доброволни дарители, како и освежување за сите крводарители и за волонтерите на Црвениот крст на Србија, на Службата за трансфузија на Заводот за трансфузија на крв на Србија и Заводот за трансфузија на крв од Војводина.
Во изминатите години „Лидл“ - Србија преку неколку акции ги поддржуваше иницијативите на Црвениот крст на Србија, додека оваа година на својот партнер му донираше 1.800.000 динари со цел да го поддржи доброволното дарување крв и младите волонтери собрани во „Клубовите 25“, кои се посветени на тоа. Покрај тоа, „Лидл“ - Србија и Црвениот крст на Србија на крајот на календарската година заеднички го спроведуваат проектот „Малите се големи нешта“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“ - Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.